Поддршка на евакуираните граѓани од Авганистан
Црвениот крст се вклучи во поддршка на евакуираните граѓани кои пред некој ден пристигнаа од Авганистан во нашата земја. По пристигнувањето, секое лице доби информативен пакет за заштита од Ковид -19 во земјата, маски и средства за дезинфекција. Во местото на нивниот престој отворено е катче за деца во кое има играчки и едукативен материјал, а одреден број волонтери ќе работат со децата. Отворено е и инфомативно катче со компјутери и телефони за полесна комуникација. За лицата се обезбедува медицинска нега и поддршка во соработка со Министертво за здравство, а доколку е потребно се користат и психолози за психо–социјална помош и поддршка. Лицата во континуитет се помагаат со облека, чевли и хигиенски средства. Тимот на Црвен крст е присутен со 30 волонтери кои функцуионират во три смени по осум часа.
Секаде каде што сме потребни.