Пребарувај по датум:
2025-04-17

Поддршка на Авицена женска трка

Сојузот на спортови на Скопје на 13 април ја реализираше 13-тата по ред Авицена Женска трка.

Настанот, кој традиционално се одржува со цел промоција на здрави навики и спортски дух, оваа година собра над 2 900 учеснички  кои ја истрчаа патеката од 3 километри.

Тимот за одговор при катастрофи при Црвениот крст на град Скопје беше распореден долж патеката, обезбедувајќи медицинска поддршка за време на целата трка. Тимовите регистрираа10 интервенции.

Честитки за организаторите, тимот, учесничките, добрата организација, добрата подготовка и за освоените места

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.