Пребарувај по датум:
2017-12-29

Под мотото “ЗАЕДНО едни за други”

Под мотото “ЗАЕДНО едни за други”, dm дрогерие маркт подари 200 пакети на социјално загрозени и бездомни лица!

По повод новогодишните и божиќните празници dm дрогерие маркт во соработка со Црвениот крст на град Скопје, под мотото “ЗАЕДНО едни за други” оваа година подари 200 новогодишни подарок пакети со производи за основна лична хигиена, како и новогодишна честитка. Овие подароци тежнеат да им подарат радост, да им ги исполнат срцата со топлина и за момент да внесат среќа во живот на корисниците во Пункт за бездомници на Црвен крст на град Скопје во Момин Поток, Центар за бездомни лица „Чичино Село“ и бездомните лица сместени ЈУ „Ранка Милановиќ“ – Меѓуопштински Центар за социјална работа.

Оваа активност на dm и Црвениот крст, покрај хуманитарен карактер има за цел да испрати порака и до останатите компании и институции, дека постојат луѓе на кои секојдневно им е потребна наша помош, со надеж дека овој чекор ќе влијае инспиративно за останатите комапнии да се приклучат со свои иницијативи за помош на најранливите групи на население во Македонија.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.