Почеток на ПХВ циклусот 2025
На 10 јануари се одржа онлајн средба со секретарите на Општинските организации на Црвен крст. Вкупно 33 секретари или претставници од ООЦК беа присутни на средбата која имаше за цел споделување на новитети за ПХВ програмата за 2025 година, добра подготовка со цел добар избор на дисеминаторот и овозможување на целосна поддршка низ целиот ПХВ циклус.
Секретарите се информирани за критериумите за избор на одговорен дисеминатор кој ќе добие целосна обука која треба да ја спроведе во својата ООЦК за 30 младинци.
Целта на ПХВ програмата е промена на дневната рутина на младите луѓе, промоција на активен живот, поттикнување на активен пристап преку изработка на малите проекти, промоција на култура како сиситем од вредности и регрутирање на нови волонтери.
Оваа година ќе бидат обучени 41 дисеминатор, 1 230 млади и ќе се изработат околу 130 мали проекти за добробит на заедницата.