Платформа за унапредување на соработка
Денеска по повод 8 мај, Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената Полумесечина се потпиша ПЛАТФОРМА за унапредување на соработка помеѓу Црвениот крст на град Скопје и Град Скопје во делот на подготвеност и дејствување во случај на катастрофи.
Истата беше потпишана од страна на секретарот на Црвен крст на град Скопје г-ѓа Сузана Т.Пауновска и градоначалничката на Градот Скопје, г-ѓа Данела Арсовска.
Целите на платформата се зајакнување на капацитетите на двете страни во случај на катастрофи, заедничко вклучување во подготовка на проектни апликации за зајакнување на техничко материјални капацитети за одговор при катастрофи, континуирана обука и тренинзи на двете страни како и координиран пристап во случај на катастрофа.
Воспоставената добра соработка трае со години, се базира врз меѓусебна доверба и транспарентност во работењето и претставува добра пример на соработка помеѓу Црвен крст и Локална самоуправа, како во земјата така и меѓународни рамки.