ПХВ резултати 2025
Преку ПХВ програмата, по спроведената унифицирана обука, младите добиваат можност здружени да истражуваат и реализираа мали проекти за добробит на заедницата. Оваа година се реализирани 170 мали проекти од страна на 1.041 младинец, водени од 40 дисеминатори и 10 ментори, а поддржани од системот на 33 Општински Организации на Црвениот крст низ државата.
Младите волонтери вложија 37.073 волонтерски часови – своето слободно време кое го искористија на креативен и организиран начин. Тие собраа 42.515 евра од заедницата кои повторно се вратени во заедницата во која помогнале на 5.186 лица.
Пехарот оваа година патува во Свети Николе, Неготино и Битола, како организации кои реализираа најмногу проекти со сонциња, односно се постигнати трајни промени за избраните целни групи.
Честитки за сите! Честитки за сработеното! Вие сте светол пример за хуманост, солидарност и несебична посветеност кон заедницата. Вашиот труд има огромна морална и општествена вредност. Вие сте позитивен пример за ангажираност и човечност во нашата заедница.