Пребарувај по датум:
2013-04-28

ПХВ програмата со нов рекорден број на проекти

Во периодот од 18 до 21 април во центарот Солферино во Струга се случи подготвителната работилница на ПХВ Колегиумот за евалуација на изработените мали проекти за добробит на заедницата во текот на циклусот 2012/2013.

Во текот на истата покрај инструкторите на ПХВ колегиумот како гости присуствуваа и претставници на ЦИР-а.

По завршувањето на ПХВ обуките во ООЦК младинците кои ги поминаа овие обуки имаа период од три месеци во текот на кои поддржани од страна на своте дисеминатори лоцираа ранливи категории на лица во своите заедници,  ги истражуваа нивните проблеми и потреби, анализираа на кој начин можат најсоодветно да помогнат, а својата хуманост ја преточија во низа на креативни актиности за помош на избраните целни групи, и сето тоа под темета “Препознавање на различносите”.

Младинците организираа голем број на хуманитарни забави, концерти, театарски претстави, модни ревии, спортски турнири, тие изработуваа честитки, глинени декорации, колачиња, цветови од хартија, и многу други прекрасни нешта се со цел да помогнат некому.

Тие реновираа домови, поправаа кровови, донираа покуќнина, облека и храна, помагаа за лекување на болни деца, градеа детски игралишта, описменуваа и помагаа при учење на јазици, беа креативни, беа посветени и безгранично хумани. 

Во текот на овој циклус сите младинци со здружени сили, работејки тимски, успееја да израотат неверојатни 202 мали проекти за добробит на заедницата, нов рекорден број на проекти во досегашното имплементирање на ПХВ програмата.

Оваа година ПХВ програмата е поддржана од грант на програмата Civica Mobilitas имплементирана од страна на ЦИР-а и финансиси поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, застапувана од канцеларијата за соработка во Скопје.

Оваа година во рамките на ПХВ програмата ќе се реализираат три финални работилници во текот на месеците мај и јуни, на кои ќе бидат поканети 200 учесници како претставници на најуспешните мали проекти. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.