2025-11-13
ПХВ Подготвителна работилница
Во периодот од 8 до 9 ноември, во Струга – тренинг центарот „Солферино“, се одржа подготвителната работилница за тимот на ПХВ инструктори.
На работилницата учествуваа 24 инструктори, кои имаа можност да ги сумираат резултатите и постигнувањата од текот на 2025 година, како и да изработат план на активности за 2026 година.
Тимот беше дополнително зајакнат со двајца нови инструктори, со што неговите човечки капацитети и подготвеност за нови предизвици се зголемија уште повеќе.
Во рамки на настанот беше промовирана книгата „ПХВ – приказ за тимот“, која претставува збирка од 40 биографии на членовите и нивниот ангажман во програмата.
✨ Вистинската моќ на организацијата лежи во синергијата на нејзиниот тим!
