2023-12-06
ПХВ подготовки
Во сабота, 02 декември се оддржа подготвителна работилница за ПХВ инструктори во рамките на програма Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности.
Целта на работилницата беше зајакнување и мотивација на ПХВ тимот, евалуација на сработеното за 2023 година како и подготовка за нов циклус во 2024 година.
Преку презентации, групни вежби, поставување на временска рамка, но и прием на нови членови во тимот, целите и очекувањата беа во корелација и исполнети.
Подготвени за нови предизвици!