Пехар за Црвен крст Пробиштип 🏆
На 18 јуни во Пробиштип во полна кино сала беше организирано доделување на ПХВ пехар за 2024 година. Првото место и пехар им се додели на Црвен крст Пробиштип. Младите од овој град изработиле 6 проекти од кои 5 беа оценети со сонце, односно проекти со трајни промени.
Второто место го делаат Црвен крст Карпош, Црвен крст Гостивар, Црвен крст Куманово и Црвен крст Охрид кои имаат изработено по 3 проекти кои се оценети со сонце.
На настанот се обрати градоначалник на Пробиштип како и генералниот секретар на Црвен крст на РСМ г.Саит Саити кој заедно со раководниот одбор даваат поддршка за имплементација на програмата.
👉🏻 Оваа година во програмата беа вклучени 1.090 млади кои изработиле 169 прокети преку кои им помогнале на 4.171 лице.
Честитки за сите вклучени во овогодишниот ПХВ циклус за постигнати резултати на локално, а со тоа и на национално ниво. 👏🏻👏🏻👏🏻