Пребарувај по датум:
2025-09-25

Пехар за Свети Николе, Битола и Неготино

На 23 септември, во преполната сала на Домот на културата во Свети Николе, се одржа свечено доделување на ПХВ пехарот за 2025 година. Првото место и пехарот беа доделени на општинските организации на Црвениот крст од Свети Николе, Битола и Неготино, поради изедначениот број на проекти оценети со „сонце“.

Младите од овие три града изработија 4 проекти кои беа оценети со сонце, проекти со трајни промени за корисниците. На настанот присуствуваа и претставници од 21 општинска организација на Црвениот крст, кои исто така реализираа проекти со „сонце“, што претставува значително подобрување на квалитетот на проектите оваа година.

Свое обраќање на настанот имаа претседателот на Црвен крст Свети Николе, градоначалникот на Свети Николе, како и генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, г. Саит Саити кој заедно со Раководниот одбор на ЦКРСМ, дава силна поддршка за имплементација на ПХВ програмата.

Оваа година, во рамки на програмата беа вклучени 1.041 млад човек, изработени беа 170 проекти, преку кои беше помогнато на вкупно 5.186 лица.

Честитки до сите вклучени во овогодишниот ПХВ циклус за постигнатите резултати – како на локално, така и на национално ниво.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.