Пребарувај по датум:
2018-06-07

Пехар во Радовиш

Пехар во Радовиш, во рамките на ЦКА-ПХВ програма-2018 година

Се одржа 8-та по ред манифестација-ПХВ пехар, која има за цел промоција на програмата и на младите од онаа Општинска организација на Црвен крст од којшто се изработени најголем број на проекти оценети со сонце.

Оваа година беа изработени 150 мали проекти, од кои 22 беа оценети со фаза сонце, а овогодинешниот добитник на ПХВ Пехар e Општинска организација на Црвен крст Радовиш. На свечената манифестација се обрати генералниот секретар на Црвен крст на РМ, претседателот на Советот на Општина Радовиш како и претседателот на Црвен крст Радовиш.

Во преполна сала во Центарот за Култура “Ацо Караманов” во Радовиш, покрај пехарот, беа врачени и благодарници за Кочани, Охрид, Гостивар, Велес, Прилеп, Виница, Кавадарци, Неготино и Центар како организации кои изработиле мали проекти преку кои се направени трајни промени во заедницата.

Честитки за сите, дисеминаторите, младинците, наставниците, родителите, секретарите… за сите кои беа дел од овогодинешната програма која предизвика промени кај 3.183 лица.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.