Пребарувај по датум:
2010-03-25

Пантомима на улица Македонија

По повод одбележувањето на 65 годишнината од Црвен крст на Р.Македонија на 17 март 2010 година, Црвен крст на град Скопје ја мобилизираше младината на територија на градот Скопје со цел реализација на теренските активности. 

Во временскиот интервал од 12:00 до 14:00 и од 18:00 до 20: 00 часот младите делеа флаери, балони, боокмаркери, знаменца на посетители и случајни минувачи.

Во истото време група на млади ентузијасти од Црвен крст на град Скопје подготвија 5 пантомимски точки преку кои ги објаснија ативностите на Црвениот крст како дисеминација, прва помош, крводарителство, социјално хуманитарна дејност и употрба на касичка како начин на собирање на донации. Младинците облечени во боите на Црвен крст пленеа со своите насмевки и ги привлекуваа минувачите. 

Беа поставени и големи платна каде младите можеа да ги остават своите пораки. На настанот дојдоа и познати личности кои се дружеа со младите и им делеа автограми. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.