2019-01-10
Пакетчиња за најмалите
Триесет деца од социјално ранливите семејства од селата Лојане и Ваксинце во општина Липково, денес ги посети Дедо Мраз, при што на сите дечиња им подели новогодишни пакетчиња, како дел од празничните активности во липковскиот крај.
Традицијата на подарување новогодишни пакетчиња трае од минатата година, кога и беше отворен локалниот клуб за млади и едукација во ООУ “Рилиндја” во с. Лојане.
Дедо мраз ова година беше член на Мобилен тим Липково при Црвен крст на град Скопје.