Остварување на новогодишни желби
Волшебната елка на желби во ТЦ Рамстор ги исполни сите новогодишни желби на 65- те децата сместени во згрижувачки семејства на територија на град Скопје.
По првата средба со децата на која преку осмислено дружење со кловнови и на наменски уредено детско катче, на новогодишни честитки, го напишаа што е тоа што го сакаат за Новата Година, хуманите граѓани и општествено одговорни компании ја посетија елката и ги остварија сите 65 желби на децата. Децата посакаа многу играчки, комјутери, телефони, велосипеди, пакетчиња и сл.
Доделувањето на подароците беше на 30 Декември, во пресрет на новата година, во кино Рамстор.
На оваа средба повторно имаше многу забава и дружење, заедничка песна и секако највеселиот момен – доделување на подароци.
Се надеваме на продолжување на оваа традиција и соработка на Црвен крст на град Скопје, ТЦ Рамстор и Центарот за социјална работа Скопје и во наредната година.
Голема благодарност и кон поддржувачите на активноста: ОНЕ, Кореа аутотрејд, Сојуз на спортови на Скопје како и Мек Доналдс кои преку Стопанската комора на РМ обезбедија оброк во нивниот ресторан за сите дечиња.
Сепак Новата година е период од годината кога особено малите веруваат дека нивните желби можат да се остварат .