Пребарувај по датум:
2010-01-14

Остварување на новогодишни желби

 

Волшебната елка на желби во ТЦ Рамстор ги исполни сите новогодишни желби на децата сместени во згрижувачки семејства на територија на град Скопје.

По првата средба со децата на која преку осмислено дружење со кловнови и на наменски уредено детско катче, на новогодишни честитки, го напишаа што е тоа што го сакаат за Новата Година, хуманите граѓани кои ја посетија елката ги остварија сите 50 желби на децата. Децата посакаа многу играчки, комјутери, телефони, велосипеди, пакетчиња и сл., а сите нивни желби се остварија на 30 Декември, во пресрет на новата година. На оваа средба повторно имаше многу забава и дружење, театарска претстава и заедничка песна и секако највеселиот момен – доделување на подароци. Сепак Новата година е период од годината кога особено малите веруваат дека нивните желби можат да се остварат 

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.