Остварена соработка со град Скопје во домен на социјалните услуги посебен превоз и Итно копче
Црвениот крст на град Скопје и Град Скопје во 2026 ја започнуваат соработката за обезбедување поддршка на ранливите категории граѓани преку унапредување на социјалните услуги во заедницата.
Во рамки на ова партнерство, за првпат се воспоставува соработка во делот на услугата „Итно копче“, наменета за лица кои имаат потреба од 24-часовна поддршка и чувство на сигурност во домашни услови. Оваа услуга овозможува брза реакција и постојана достапност на помош, со цел зголемување на безбедноста и самостојноста на корисниците.
По тој повод, се објавува јавен повик за аплицирање за користење на услугата Итно копче.
Црвениот крст на град Скопје останува посветен на развој на иновативни и одржливи социјални услуги, во партнерство со институциите, со цел обезбедување поголема сигурност, достапност и квалитет на живот за граѓаните.
