Пребарувај по датум:
2024-05-27

Оскар на хуманоста

Втора година по ред Црвен крст на град Скопје ја организираше манифестацијата ,, Оскар на хуманоста” која е во склоп на одбележувањето на Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина. На истата се доделуваа награди – оскари за општествена одговорност на корпоративниот сектор,поединции и образовни институции кои со својот личен пример мотивираат, поттикнуваат и се вистинска поддршка во заедницата.

Честитки до наградените: Сава Осигурување, NLB Тутунска банка, ОЛИМПИЈА МОТОРС, ОКТА, Електрани на Северна Македонија, Приватното Средно Училиште „Алгоритам“,Стоматолошки факултет, ОУ Рилиндја од с. Лојане, Општина Гази Баба, општина Сопиште, МАКЕДОНСКА ТЕЛЕВИЗИЈА, СИТЕЛ ТЕЛЕВИЗИЈА, Мото клуб Hells Angels, Снежа Брзаков.

 За ПРЕМИУМ партнер награден беше г. Живко Мукаетов Генерален директор /Претседател на Управен Одбор на Алкалоид ад Скопје.

Голема благодарност упатуваме до х. Мериот кои се наши континуирани соработници, Марко Новески, Иван Наумовски, DJ Мац, Даме Јовески,Ангела Спировска и Андреј Димоски кои се погрижија за забавниот дел, како и до нараторот Никола Дукоски. Благодарност за поддршката и до Винарската визба Тиквеш и Прилепска пиварница.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.