2022-04-26
On-line конференција за млади “Информирај се! Твое право, твоја сигурност“
На 21 април се реализираше on-line конференција за млади “Информирај се! Твое право, твоја сигурност“. Повеќе од 150 млади од земјата присутвуваа на конференцијата, а претходно, преку пополнување на апликацијата, имаа можност да постават прашање. Повеќе од 30 прашања беа одговорени од страна на др. спец. епидемиолог Арсениевски од Институтот за јавно здравје.
On-line конференцијата за млади која имаше за цел унапредување на степенот на информираност за процесот на вакцинација, беше организирана со поддршка на Швајцарскиот Црвен крст.