Одржана работилница за научени лекции од Итниот апел на IFRC
Во периодот 14-16 декември, успешно се реализираше работилницата посветена на научените лекции од Итниот апел (Emergency Appeal) поддржан од IFRC, фокусирана на поддршката за лицата погодени од кризата во Украина, кои престојуваат во РСМ.
На работилницата, на која присуствуваа 21 лице од Црвен крст на РСМ, Црвен крст на град Скопје, ООЦК во кои се спроведуваа активности и ИФРЦ, се направи осврт на перидот на имлементација 2022-2025 год. со акцент на:
- спроведените активности и клучните постигнувања
- вклучените страни и партнери
- механизмите за мониторинг и евалуација
Преку интерактивна работа во групи, учесниците работеа ги идентификуваа постигнувањата, предизвиците и препораките за идни програмски интервенции во четирите области на дејствување:
- Здравје и благосостојба
- Вредности, моќ и инклузија (CEA, интеграција и инклузија, пристап до услуги и информации)
- Пристап до вода, санитарни услови и хигиена (WASH), засолниште, средства за егзистенција, хуманитарна помош, CVA, хуманитарни сервисни точки
- Развој на Националното друштво (дигитална трансформација, човечки ресурси, координација, соработка со локални власти, правни и институционални рамки, набавки и логистика)
Работилницата овозможи отворена размена на искуства, зајакнување на координацијата и заедничко учење, со цел унапредување на идните хуманитарни одговори и програми.
