Пребарувај по датум:
2015-01-27

Oдржана подготвителна работилница за ПХВ инструктори

Во сабота, на 24 јануари се одржа подготвителна работилница за ЦКА ПХВ инструктори.

На истата присуствуваа дваесет и два инструктори и истата имаше за цел подготовка на циклусот, унифицирање на обуката на ниво на цела држава и одредување на термини за одржување на обуките. Дисеминаторите, обуките за дисеминација треба да ги спроведат до 6 февруари, а потоа инструкторите до 1 март треба да ги спроведат и обуките за изработка на малите проекти за добробит на заедницата. Потоа во период од десетина дена треба да се спроведе третиот дел -како се документираат малите проекти, кој оваа година за прв пат ќе го спроведат дисеминаторите.
Со оваа промена сметаме дека локалните капацитети уште повеќе ќе се зајакнат, но и дека ќе се посвети повеќе внимание на чинот на документирање. Оваа година очекуваме проекти со долга акција, силен ефект и проекти кои ќе бидат повеќе насочени кон промоција на хуманите вредност, толеранцијата и мирот. Од оваа година, за прв пат како посебна група, обука ќедобијаат  старите лица, децата од бегалската заедница од Косово и децата со оштетен вид од училиштето Димитар Влахов. Сите реализирани проекти ќе треба да бидат доставени по електронски пат до 14 мај.
Оваа година програмата е поддржана од страна на Норвешка амбасада со претставништво во Србија.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.