2026-02-13
Одржана едукативна работилница за женско здравје
Во Пунктот за бездомни лица беше одржана едукативна работилница на тема Контрацепција, наменета за жените кои го посетуваат пунктот. Работилницата ја одржа проф. Елена Димитриевска, која на јасен и пристапен начин зборуваше за значењето на грижата за женското репродуктивно здравје.
Преку ваквите активности се стремиме кон подигнување на јавната свест и зајакнување на знаењата кај оваа ранлива категорија кориснички, со цел подобар пристап до информации, заштита на здравјето и унапредување на квалитетот на живот.
И со оваа едукација продолжуваме да придонесуваме за поддршка и грижа за женското здравје- право на секоја жена.
Активноста е во рамки на SHAPE проектот финансиран од Австриското Федерално Министерство и Австриски ЦК.
