ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТКИ ДЕН НА СТАРИ ЛИЦА – 1ви октомври „СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА”
Традиционално како и секоја година социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст на град Скопје со повеќе настани го одбележа 1ви октомври – Светки ден на стари лица.
Одбележувањето се реализираше на 02.10.2023г. со информативни пунктови на три локации автобуска постојка Зелен пазар, пазар Буњаковец и пред ТЦ Бисер. На информативните пунктови се промовираше социјалниот сервис на граѓаните, медицинскиот тим беше задолжен за мерење на крвен пристиок и гликемија. Пунктовите ги посетија 334 лица.
Во дневниот центар за стари лица во ООЦК Чаир се одбележа Светкиот ден на стари лица, а воедно и 12 години постоење на социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови”. На прославата присуствуваа околу 100 корсиници од сите три дневни центри за стари лица.
Овие активности се од големо значање за лицата во трето доба пред се за унапредување на нивниот квалитен на живот, здравјето и психофизичката состојба како и промовирање на активно стареење и активен пристап на животот во староста.