2018-10-28
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ШЕЌЕРНАТА БОЛЕСТ, 10–16 октомври 2018 год.
Црвениот крст на град Скопје секоја година традиционално се посветува на одбележување на Неделата на борба против Шеќерната болест (10 – 16 октомври). За таа цел беа превземени низа активности со цел да се зголеми свеста и информирањето за опасностите кои произлегуваат од оваа болест.
Оваа година со обука за изведување на постапката за мерење шеќер се стекнаа 34 лица, а ниво на шеќер во крвта беше измерено на 303 лицe и тоа во Пунктот за бездомници, Дневните центри за стари лица, при домашна посета кај стари лица,Прифатните центри Винојуг и Табановце како и Мобилните тимови Лојане и Ваксинце