Пребарувај по датум:
2021-09-16

Одбележување на Светскиот ден на првата помош-Биди херој во твоето училиште

Црвениот крст е лидер во активностите насочени кон едукација за Прва помош како животоспасувачка вештина, нудејќи ги своите услуги на населението со цел нивно масовно оспособување и градење на побезбедни и поздрави заедници. Во насока на промоција на значењето на првата помош, секоја година се одбележува и Светскиот ден на првата помош, со низа активности, таргетирајќи различни целни групи.

Оваа година, Црвен крст на град Скопје и Општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје со координирани активности го одбележија Светскиот ден на Првата помош -11 септември, под мотото Биди херој во твоето училиште“. Како дел од планираните активност, а во насока на зачувување на здравјето и безбедноста на учениците и наставниот кадар, донирани се наменски опремени ранци со санитетски материјали и останата опрема за укажување прва помош за 31 средно училиште на територија на градот Скопје. Во секое училиште ќе биде обучена екипа за правилно и навремено укажување на прва помош, а едукациите ќе бидат контунирани во текот на целата година. Обуката ќе се реализира во координација со Општинската организација на Црвен крст на чија територија се наоѓа училиштето.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.