Пребарувај по датум:
2018-10-28

Одбележување на Светскиот Ден на белиот стап

Одбележување на Светскиот Ден на белиот стап

Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид – Црвен крст на град Скопје, на 16 Октомври 2018 година, во период од 11:00 – 13:00 часот, се одржа одбележување на Светскиот Ден на белиот стап со свечено доделување на меѓународно признаени ЕЦДЛ сертификати на 22 лица со оштетен вид – корисници на Центарот, кои успешно го завршија првиот ЕЦДЛ сертифициран курс по компјутери адаптиран за нивните потреби. По доделувањето на сертификатите, неколку корисници го пренесоа своето искуство од личен аспект за значењето на ваквиот вид на курсеви наменети за лица со оштетен вид. Кон самиот крај на настанот, премиерно беше прикажано првото едукативно видео за правилно постапување кон лицата со оштетен вид преку 10 практични примери и совети. Видеото беше подготвено од страна на членови на тимот на Центарот, волонтери и корсисници на Центарот. На настанот присуствуваа 42 учесници – корисници на Центарот, претставници од стручната служба на Црвен крст на град Скопје, Секретарот на Црвен крст на град Скопје, Секретарот на Националниот Сојуз на Слепи на РМ, претставник од УСАИД, претставник од УЈИЕ (Универзитет на Југоисточна Европа), претставници од ЕЦДЛ и претставници од ЕУРМ (Европски Универзитет – Република Македонија).

Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.