2026-04-24
Одбележување на Неделата на солидарноста
По повод Неделата на солидарноста (13–19 април), корисниците на социјалната услуга „Дневен центар за стари лица за активно стареење“, во соработка со Хуманитарната организација „Св. Спас“, реализираа хуманитарна акција со подготовка на 210 оброци.
Оброците беа дистрибуирани до социјално загрозени семејства и во Пунктот за бездомници во Момин Поток, со цел поддршка на најранливите граѓани.
Во активноста се вклучија и здруженијата на пензионери од Град Скопје, кои донираа прехранбени производи и средства за лична хигиена:
- ЗП „Солидарност“ – Аеродром
- Здружение на пензионирани работници од органите за внатрешни работи
- ЗП Чаир
- ЗП Шуто Оризари
Со нивна поддршка беа обезбедени и 20 пакети со храна и хигиена за стари и изнемоштени лица без приходи.
Акцијата уште еднаш ја истакна важноста на солидарноста, хуманоста и заедништвото.
