2022-12-27
Одбележување на Недела на забоздравствена заштита
Во рамки на социјалниот сервис ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови’’ при Црвен крст на град Скопје на ден 19 декември 2022г. се одбележа Недела на забоздравствена заштита со Др.Игор Анѓелевски.
Корисниците во дневниот центар за стари лица имаа можност интерактивно да се вклучат и едуцираат за последиците и решенијата на парцијалната без забна болест и нивната поврзаност со Парадонталната болест. За таа цел корисниците добија симболични подароци за нега и грижа на оралното здравје.
Ваквите активност се од голема важност за лицата во трето доба за развој на квалитетен живот и грижа за нивното здравје.