Одбележување на “Недела на солидарност”
Волонтери, активисти, хумани луѓе… тоа се корисниците од дневниот центар за стари лица и активот на жени од ЗП „Солидарност” – Аеродром. Тие се вклучија во активности на “Недела на солидарност” која се традиционално се одбележува од 18 до 22 април.
Во трите дневни центри се организираше собирна акција на прехранбени продукти за подготовка на пакети за социјално ранливи семејства и готвена храна подготвена од вештите раце на корисниците и активистките.
Вкупно се подготвија 165 оброци и беа доставени до пунктот за бездомници на Црвен крст и беа наменети за бездомниците.
Тие се позитивен пример дека секогаш се наоѓа начин да се подаде рака.
Проекетот „Дневен ценатр за стари лица и ценатр за давање помош во домашни услови” и Пунктот за бездомници се поддржани од Град Скопје.