2023-10-20
Одбележување на Недела на борба против шеќерната болест
Во рамки на социјалниот сервис ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови’’при Црвен крст на град Скопје се одбележа Недела на борба против шеќерната болест.
На 13 октомври корисниците од дневните центри имаа можност да слушнат повеќе за шеќерната болест и нејзина превенција од страна на медицинска сестра Марина Бошњак.
Ваквите активност се од голема важност за лицата во трето доба за развој на квалитетен живот и грижа за нивното здравје.