Пребарувај по датум:
2022-06-21

Одбележување на Европски денови на археологијата со корисници од дневните центри

Корисниците од дневните центри за стари лица од социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст на град Скопје, беа поканети од страна на Археолошкиот музеј на РСМ на работилница „Нанижани спомени” по повод одбележување на Европските денови на археологијата кои се случуваа од 17-19 јуни 2022г.

На лицата им беше овозможено да изработат накит инспирирани од тековната изложба во музејот “Златниот антички наод од с.Тремник, Неготино”. Корисниците со голема воодушевување се вклучија во работилицата и ја покажаа нивната креативност во изработка на накитот ,воедно пред се промовирање на активното стареење и заедничкото исполнето време и дружење.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.