Пребарувај по датум:
2023-10-10

Одбележување на ЦКА ПХВ недела

Во рамки на одбележување на ЦКА ПХВ неделата и според дадените насоки Црвен крст на град Скопје реализираше работилница на тема булинг и превенција од врсничко насилство. Истата ја водеше стручно лице – психолог како и дел од стручната служба од Црвен крст,а присуствуваа 30 младинци од различни средини кои имаа можност да споделуваат лични искуства, поставуваат прашања и за истите да добијат соодветни одговори. Се обрна и внимание за важноста за навремено детектирање на било кој проблем , разговор со семејство, стручно лице или пак стручна служба во училиштето  бидејќи само така истиот може и брзо да се надмине. Преку оваа работилница поддржана од НЛБ Тутунска банка  сакавме да ја поддигнеме свеста за серозноста и опасноста од насилното однесување кое во голема мера ако не се реагира навремено може да донесе до сериозно ментално нарушување кај младите.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.