Одбележување на 1 Октомври – Светски ден на стари лица “СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА”
радиционално, социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст на град Скопје, со повеќе настани го одбележа 1 Октомври – Светски ден на стари лица. Одбележувањето започна со Чиконг семинар кои се реализираше од 26 до 29 септември во едукативен центар „Солферино” – Струга.
На 30 септември беа поставени информативни пунктови на автобуска постојка Зелен пазар, пред пазар Буњаковец и пред ТЦ Бисер, каде мобилни тимови од Црвен крст на граѓаните им овозможија да измерат бесплатно крвен притисок, гликемија и сатурација, а воедно и граѓаните да се запознаат со проектите Грижа за стари лица, Нега Центар и Итно копче. Пунктовите ги посетија 282 лица.
11-тиот роденден (11 години постоење на социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица центар за давање помош во домашни услови” ) се одбележа на 3 октомври во Центарот во ДХО Даре Џамбаз. На прославта присуствуваа 60 корисници од трите дневни центри за стари лица.
Овие активности се од големо значање за лицата во трето доба пред се за унапредување на нивниот квалитет на живот, здравјето и психофизичката состојба како и промовирање на активно стареење и активен пристап на животот во старост.