Пребарувај по датум:
2024-10-15

Одбележување на Недела на борба против шеќерната болест

Корисниците од социјалната услуга ,,Дневен престој за стари лица за активно стареење’’ по повод одбележувањето на Недела на борба против шеќерната болест учествуваа на предавање за најчестото ендокринолошко заболување – дијабетот. 

Се разговараше за навиките и начинот на исхрана како клучен фактор на оваа болест како и за ризик факторите во секојдневието. 

Исто така на корисниците им беа поделени чаеви како донација од компанијата Алкалоид кои помагаат во одржување на нормалното ниво на шеќер во крвта, а дополнително имаа и можност да измерат шеќер во крвта и да се консултираат за нивната лична моментална ситуација.

Ваков тип на активности се од значителна важност бидејки на овој начин се подобрува степенот на едукација која овозможува унапредување на квалитетот на животот и здравјето на лицата во трето доба.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.