Одбележување на Ден на македонски пензионери и Недела на борба против туберкулоза
По повод 20 септември, Ден на македонските пензионери, Црвен крст на град – Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење ,го одбележа овој ден преку посета на Дневниот престој од страна на господин Томислав Татабитовски – Претседател на СЗП на Град Скопје. При оваа посета се разменија искуства на корисниците на Дневниот престој со претседателот Томислав, се разговараше за активностите во Дневниот престој, проследени со дружење и разговор.
Исто така социјалната услуга Дневен престој за стари лица за активно стареење на овој ден ја одбележа и Неделата на борба против туберкулоза со организација на предавање на тема: “Борба против туберкулоза и белодробни заболувања “ со проф. Д-р Никола Чамуровски и м-р д-р Фани Ѓоровска. Овој тип на предавања се од големо значење со цел подгинување на свеста за оваа болест, добивање на точни и соодветни информаци за истата и разменување на искуства.