Пребарувај по датум:
2025-10-25

Одбележана ПХВ недела

Секоја година, од 21 до 27 септември, се одбележува ПХВ недела. Целта на оваа недела е промоција на позитивните вредности, мирот, толеранцијата и соживотот меѓу младите, како и признавање, охрабрување и мотивирање на нивните постигнувања на годишно ниво.

Оваа година,   општински организации на Црвениот крст ја одбележаа неделата преку разни настани, работилници и активности. На младите им беа доделени благодарници за изработените проекти, а беа прикажани и инспиративни филмови поврзани со нивните успешни активности. На дел од настаните присуствуваа градоначалници, родители, партнери и поддржувачи. Вкупно, на промоциите присуствуваа     лица.

Честитки за признанието, мотивацијата и поттикот кон младите кои остануваат активни, посветени и инспиративни во редовите на нашата организација!

#phv2025 #цкрсм #младицк

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.