Пребарувај по датум:
2021-03-09

Одбележана неделата за борба против ракот

Од 1-8 март Црвен крст на град Скопје традиционално ја одбележи неделата за борба против ракот. Најпрво во х. Мериот се реализираше концертот Љубовни ноти кој во себе носи  хумана димензија , а таа е  поддршка на жените оперирани од канцер, кои заедно со членките на здружението „Животна искра“ секоја година ги посетуваме на 8-ми март , на клиниката за  Онкологија.

Волонтерите на Црвен крст на град Скопје и оваа година ги посетија пациентките кои благодарение на соработниците , а воедно и наши пријатели Fashion group и Жаклина Мучева им подарија пригодни подароци мал гест во знак  на внимание и им посакаа поскоро закрепнување.

Исто така во рамки на неделата се изготви и едукативно-промотивно видео на кое д-р Мимоза Толевска од специјалната болница Жан Митрев зборуваше за превенција, самоконтрола и редовните прегледи кои го намалуваат ризикот од доцното откривање на ракот на дојка.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.