2025-04-17
Одбележана Неделата на хигиенизација
Во рамки на неделата на хигиенизација (08-15 април) која се одбележува под мотото “Хигиената – лична обврска за колективно здравје” за дел од корисниците од дневниот центар за лица со интелектуална попреченост ,,Пролет“ се одржа едукативна презентација.
Преку истата се истакнаа ризиците поврзани со лошите хигиенски практики, но и важноста за правилна и редовна хигиена .
На корисниците во центарот им беа поделени средства за основна хигиена.
Оддел млади при Црвен крст на град Скопје и понатаму ќе дава поддршка, посебно во делот на социјална инклузија, на оваа целна група.