Одбележана Неделата на хигиенизација со децата од заедницата на бегалците
Традиционално, Центарот за образование и поддршка на заедницата на бегалците секоја година ја одбележува Неделата на хигиенизација која е календарска активност на Црвен крст.
Оваа година беа организирани три активности по повод Неделата на хигиенизација.
Првата активност се реализираше на 15 април 2013 со засадување на 100тина цвеќиња заедно со децата од Едукативниот центар.
Со оваа активност децата допринесоа за поубава, поздрава и почиста околина. Следниот ден имаше и тематско предавање во Едукативниот центар за децата.
Последната активност поврзана со Неделата на хигиенизација, се реализираше на Средно Водно во Центарот за едукација и рекреација „Даре Бомбол.“ Овде покрај децата од Шуто Оризари, беа вклучени и деца од заедницата на бегалците од скопските села Идризово, Трубарево и Инџиково.
При пристигнувањето на Средно Водно прво им беше оддржано интерактивно предавање од стана на едукатор од Едукативниот центар за поимот и суштината на хигиенизацијата.
Се зборуваше и за начини на однесување во природата и со природата. На последната активност беа вклучени вкупно 55 деца, на возраст од 5 – 20 годишна возраст.