Пребарувај по датум:
2015-10-19

Одбележана неделата на борба против Шеќерна болест

Црвениот крст на град Скопје во периодот од 10-16 Октомври и оваа година традиционално се посвети на одбележување на  Неделата за борба против Шеќерната болест.

Во активностите покрај локалното население од Општина Шуто Оризари, бегалците, баратели на азил, бездомници, стари и изнемоштени лица беа вклучени прегледи и мерење шеќер во крв и кај мигрантите

Направени беа мерења на Шеќер во крв кај 231 лице и тоа:

•           21 Амбуланта за бегалци во Ш.Оризари                                     

•           84 Дневни Центри за стари лица ДХО Даре Џамбаз и Чаир        

•           12 Центар за поддршка на млади на ЦК Шуто Оризари                     

•           35 Домашна посета кај стари лица                                                        

•           13 Пункт за бездомници Момин Поток                                                

•           52 Пункт Винојуг  –  Гевгелија                                                     

•           14 Пункт Табановце – Куманово                                                   

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.