Одбележан Светскиот ден на здравјето 7 април
Во просториите на СУГС Цветан Димов– Скопје, каде што фукционира Училишниот клуб за едукација и превенција на Црвен крст, одбележан беше Светскиот ден на здравјето 7 април.
Градоначалникот на општина Чаир г. Висар Ганиу, секретарите и стручната служба од ЦКГС и Општинскатаорганизација на ЦК Чаир го посетија клубот којфункционира во рамките на ова училиште и се запознаа соактивностите кои се имплементираат преку истиот. Директорот и одговорниот професор за имплементација наактивностите на Црвен крст во училиштето како и учениците/волонтери на Црвен крст се осврнаа на здравствените програми, социјално- хуманитарните активности, програмата за крводарителство, дејствување при катастрофи, ЦКА ПХВ програмата, со посебен акцент на пружената поддршка во заедницата.
Во текот на посетата, акцент беше ставен на младите луѓе кои имаат важна улога во Црвениот крст. Преку искористувањето на своето слободно време за реализација на активности организацијата, тие успеваат да остават голем белег во своите заедници, како во идентификувањето на можните целни групи и полиња за дејствување, промоција на здрави животни навики, грижа за сопственото и здравјето во заедницата, како и дејствување во заедницата.