Пребарувај по датум:
2024-12-04

Одбележан месецот на борба против зависности

Преку реализација на едуктивни предавања во 10 средни училишта на територија на град Скопје, во соработка со ООЦК на територија на град Скопје, го одбележавме месецот Ноември како месец за борба против зависности. На едукациите акцент беше ставен на опасностите кои произлегуваат од зависноста од алкохол, цигари и наркотици. Преку едукативниите предавања опфатени беа повеќе од 250 ученици, како и дел од наставниот кадар кој присуствуваше на истите

Пристапот на едукаторот Златко Ѓорѓиоски, поранешен припадник на МВР со долгогодишно искуство на темата, предизвика голем интерес кај учениците кои имаа низа прашања поврзани со секојдневните предизвици со кои се судираат младите. 

На тема Зависност, едукативна сесија беше реализирана и во ПТЦ “Винојуг” – Гевгелија, на која присуствуваа 15 мигранти.  Лекарката од Црвен крст акцент стави на делот превенција, а остварена беше и одлична интеракција со лицата на оваа тема.

Значењето на ваков вид едукативни работилници е големо, бидејќи превенцијата е важен сегмент во работењето на Црвениот крст на град Скопје, посебно сегментот за подигнувањето на јавната свеста.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.