Пребарувај по датум:
2012-06-13

Одбележан денот на Згрижувачки смејства

На 04 Јуни, се дружевме и забавуваме со дечињата без родителска грижа сместени во згрижувачки семејства.

Овој настан го реализираа Црвениот крст на град Скопје во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје и Зоолошката градина Скопје во рамките на одбележувањето на Денот на згрижувачки семејства.
Настанот се реализираше во Едукативниот центар во Зоолошката градина Скопје каде се реализираа креативни работилници (цртање, боење, изработка на оригами), а потоа имаа можност да прошетаат во Зоолошката градина, да ги погледнат животните и да се дружат.
На настанот беше присутен и Министерот за труд и социјална политика г. Спиро Ристовски.
Активноста е во рамките на проектот за социјализација на деца и млади со посебни потреби поддржан од Комерцијална банка а.д. Скопје.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.