Обуки за 29 лични асистенти на лица со попреченост
Црвен крст на град Скопје во текот на месец мај започна со реализацијата на обуки за лични асистенти на лица со попреченост со кои се опфатени 29 лица. За успешно спроведување на обуките, од страна на организацијата ангажирани се стручни лица, предавачи (дефектолог, социјален работник, доктор и медицинска сестра), а со цел кандидатите да се стекнат со потребните знаења и вештини од областа на личната асистенција.
Во оваа фаза личните асистенти имаа можност да реализираат и практична работа во центарот за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ и во установа за социјална заштита на стари лица „Идила Терзиева“.
Обуката ќе трае два месеца, а по завршување на истата кандидатите ќе полагаат завршен испит пред Комисија за верификација на стекнатото знаење и ќе се стекнат со државно признат сертификат доколку успешно го положат испитот.
Програмата за обуки за лична аситенција на лица со попреченост ја разви Црвен крст на Република Македонија, а истата беше верифицирана од страна на Центарот за образование на возрасни и Министертвото за образование. Обуките се реализираат со финансиска поддршка на Агенцијата за вработување на Република Македонија.