2022-09-16
Обука за врснички едукатори по Прва помош
Во период од 08.09 до 11.09.2022 година, во рамки на кампањата „Прва помош за млади“ се оддржа обука по прва помош во тренинг центарот „Солферино“ – Струга, организирана од страна на Црвен крст на Град Скопје и 5те општински организации. Обуката беше спроведена од страна на меѓународни тренери по прва помош при ЦКГС.
На обуката учествуваа 25 волонтери од 5те ООЦК кои беа обучени за основи на првата помош како и за врснички едукатори кои во иднина своето знаење ќе го пренесат на своите соученици во основните и средните училишта се со цел подигање на јавната свест кај младите за значењето на првата помош.