Обука за тренери „Здраво Стареење„ Јануари 2017
Обуката за тренери на тема „Здраво Стареење“ беше организирана од страна на Црвениот крст на Црна Гора, во соработка со Меѓународната Федерација на здруженијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина(IFRC), од 17 до 19 Јануари 2017, во Домот на Солидарноста во Сутоморе, Црна Гора.
Учесниците на тродневната обука беа вработени и волонтери од областа на социјална и здравствена дејност од повеќе земји: Србија, Македонија, Хрватска, Бугарија, Белорусија, Ирак, Монголија, Грузија, Ерменија, Аргентина, Албанија, Словенија и Црна Гора. Во текот на овие три дена учесниците имаа прилика да слушнат нешто повеќе за глобалниот тренд на убрзано стареење, за превенција на социјална изолација, непреносливи болести, спречување на чести паѓања кај стари лица, придобивките од физичка активност, здрава исхрана, учење во текот на целиот живот и промена однесување.
Идејата е преку реализација на повеќе работилници да се влијае не само на старите, туку и на младата популација така што би се зголемила свеста за вредноста на донесување одлуки во тој период кои имаат последици во староста (пушење, конзумирање на големи количини алкохол, нередовна или нездрава исхрана, физичка неактивност).