Обука за правилно постапување со лица со оштетен вид наменета за волонтери
Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид – Црвен крст на град Скопје, на 08 Февруари 2019 година, се реализираше обука за правилно постапување со лица со оштетен вид наменета за идни волонтери кои ќе бидат вклучени во редовните активности на Центарот за поддршка. Обуката се состоееше од презентација на работата на Центарот, неговото функционирање и редовните активности во Центарот, совети за правилно постапување со лицата со оштетен вид преку практична презентација, прикажување на едукативното видео за правилно постапување со лица со оштетен вид како и демонстрација преку вежби на реални ситуации со кои лицата со оштетен вид секојдневно се соочуваат. Волонтерите се стекнаа со потребните знаења, совети и насоки за правилно постапување на лицата со оштетен вид, преку една интеракција помеѓу учесниците и тимот на Центарот за поддршка. На оваа обука активно учество зедоа 2 волонтери и 4 претставници од тимот на Центарот за поддршка.
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.