Пребарувај по датум:
2023-02-01

Обука за ПХВ ментори

На 26 јануари се одржа онлајн состанок за ПХВ ментори за овогодинешниот ПХВ циклус. Вкупно се пријавени 10 ментори, кои се искусни волонтери и долгогодишни инструктори во програмата. Секој ментор во просек ќе менторира 4 дисеминатори, односно 4 ООЦК. Ќе ги водат низ процесот на обуки, мотивација со младите, работа со малите групи, поддршка во изработка на извештаите, поддршка во процесот на изработка на малите проекти, документирањето како и подготовка на видео записите за секој изработен проект. Веќе следниот викенд ќе биде реализирана обуката за 37 дисеминатори предложени од ООЦК. Обуката ќе биде реализиран во Скопје, со што започна период на обуки во ООЦК и период за изработка на малите проекти.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.