Пребарувај по датум:
2026-02-11

Обука за ПХВ дисеминатори — ПХВ циклус 2026 година

Овој викенд (07–08 февруари), во Скопје, се одржа обука за ПХВ дисеминатори. Обучени и мотивирани беа 41 дисеминатор, предложени од страна на своите општински организации на Црвениот крст. Обуката ја реализираа 5 ПХВ обучувачи, а за време на обуката беа присутни и 9 ментори, кои низ процесот на изработка на малите проекти ќе им дадат поддршка на дисеминаторите.

Во наредниот период ќе бидат спроведени 120 обуки, на кои 1.200 млади ќе добијат обука за дисеминација, како и за изработка и документирање на мали проекти. Потоа, во период од два месеци, младите на терен ќе реализираат мали проекти за добробит на заедницата. Се очекува изработка на повеќе од 150 мали проекти, преку кои ќе им се помогне на повеќе од 3.000 лица.

Програмата Промоција на хумани вредности е национална програма за регрутирање и задржување волонтери во редовите на општинските организации на Црвениот крст. Програмата оваа година одбележува 30 години постоење и брои повеќе од 30 активни инструктори.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.