2021-01-25
Обука за палијативна нега на изнемоштени лица
На 21.01.2021 за прв пат во рамките на Црвен крст на град Скопје започна со реализација обуката за палијативна нега на изнемоштени лица. Со поддршка на UNDP, 13 кандидати се селектирани и ќе се сертифицираат за палијативни негуватели на изнемоштени лица. Оваа обука ќе ги зајакне капацитите на негувателите за адекватна нега на лица кај кои е потребна палијативна нега. Програмата по која се одвива обуката опфаќа стекнување знаења, вештини и компетенции за планирање и испорачување на социо-здравствени услуги, палијативна грижа на изнемоштени лица. За време на обуката ќе се почитуваат протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19.